Вајлдер се врати во рингот и во прва рунда го нокаутираше Хелениус (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американскиот борец Деонтај Вајлдер се врати во рингот по пауза од една година и го нокаутираше неговиот противник Роберт Хелениус уште во првата рунда.

Борбата се одржа во Бруклин, а Американецот ја воодушеви домашната публика, откако го нокаутираше Хелениус на три секунди пред крајот на првата рунда.

„Кога ќе ги видите овие нокаути, ќе бегаат од мојот агол. Јас сум расположен за борба со било кого, без разлика дали тоа е Енди Руиз или Усик. Деонтај се враќа во тешка категорија, а со него и возбудата“, кажа Вајлдер.