Вајлдер спектакуларно го нокаутираше Ортиз и ја одбрани титулата!

Деонтај Вајлдер ја одбрани титулата во тешка категорија, откако во седмата рунда со спектакуларен нокаут го победи Луис Ортиз, па така го одбрани појасот по 10. пат.

Овој 34-годишен борец ја освои првата титула во 2015 година, а Ортиз досега двапати губеше од него.

„Може да видите зошто ниту еден друг борец не сака да се бори со Ортиз. Многу е итар во рингот. Морав да играм со него и да се мерам на одредени места. Морав да се враќам назад и да одам напред“, вели Вајлдер.

Во февруари Вајлдер ќе се бори против Тајсон Фјури, а треба да кажеме дека ова беше 42. победа за Деонтај, односно 41. со нокаут.