Валверде утрово се поздрави со играчите на Барселона пред почетокот на тренингот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Барселона синоќа официјално потврди дека Ернесто Валверде не е повеќе тренер на овој клуб.

По лошиот настап на Барселона во Супер купот на Саудиска Арабија, челниците на клубот решија да му се заблагодарат на Валверде. Овој стручњак се извлече од отказ неколку пати, но овој пат немаше друго решение.

Барселона синоќа објави дека Валверде не е повеќе тренер на овој тим, а ќе биде заменет со Кике Сетиен, кој потпиша соработка со Блауграна до летото 2022. година.

Мундо Депортиво утрово објави фотографија од Валверде кој пристигна во тренинг-комплексот на Барселона пред тренингот за овој тим. Валверде дојде да се збогува со играчите и да си ги земе своите работи од тренерската канцеларија.