Ван Дајк го одби ПСЖ, ќе стане најплатен фудбалер во историјата на Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вирџил Ван Дајк, според многумина е најдобар стопер во светот, па ќе потпише нов тригодишен договор со Ливерпул.

Холанѓанецот, наводно, го одбил ПСЖ и сега со „црвените“ ќе потпише договор според кој ќе добива по 250.000 евра неделно.

Британските медиуми објавија дека Ван Дајк не го привлекла понудата на Парижаните и за да го обезбеди неговиот потпис, Ливерпул ќе му понуди најголем договор во историјата.

Ван Дајк има 28 години и во Ливерпул пристигна во 2018 година во трансфер вреден околу 80 милиони евра.

Досега одигра 113 натпревари, постигна 11 голови и стана еден од најдобрите стопери.