Ван Дајк го „пецна“ Јунајтед: Само еден тим играше фудбал во дербито на „Енфилд“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул не успеа да го скрши отпорот на Манчестер јунајтед (0-0) на „Енфилд“, иако доминираше во текот на целиот натпревар.

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк кажа дека е разочаран поради ремито против Јунајтед, но воедно кажа дека само еден клуб играл на теренот.

„Само еден тим играше фудбал и се обидуваше да дојде до победата, но за жал не успеа. Доминиравме во секој поглед од мечот, направивме сè, но не победивме. Погледнете ги фудбалерите на Јунајтед колку се среќни што освоиле бод“, кажа Ван Дајк.