Ван Дајк и Салах го решија најголемото англиски дерби: Ливерпул на чекор до титулата (ВИДЕО)


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Ливерпул славеше со 2-0 против Манчестер јунајтед во Премиерлигата, па така ја продолжија нивната победничка серија.

Домаќините од самиот старт покажаа кој е „главен на теренот“ и веднаш тргнаа да го напаѓаат противничкиот гол, а во 14. минута Вирџил Ван Дајк со глава ја погоди мрежата на Давид де Хеа.

На 2-0 зголеми Роберто Фирмино, но судијата по прегледување на ВАР-снимката му го поништи голот.

Јунајтед имаше свои шанси за израмнување, но не успеа во намерата да освои барем бод, па крај на мечот стави Салах по асистенцијата на Алисон Бекер.

Ливерпул во моментов има 16 бодови повеќе од Манчестер сити, но има одиграно и еден меч помалку.