Ван Дајк испрати моќна порака по потврдата дека ја пропушта сезоната!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк се повреди во мечот против Евертон, односно настрада во дуелот против голманот Џордан Пикфорд.

Ван Дајк ќе мора да оди на операција, по што му следи пауза до крајот на сезоната, а сега објави порака на Инстаграм.

„Посветен сум на мојата рехабилитација и ќе се обидам да се вратам што е можно побрзо на теренот. И покрај разочарувањето, верувам дека секоја потешкотија нуди нова можност, ќе се вратам посилен и подобар од претходно. Важено е да продолжиме да се бориме до крај“, напиша меѓу другото Ван Дајк.