Ван Дајк по дебаклот: Ние не сме роботи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холандскиот дефанзивец Вирџил Ван Дајк кажа дека Ливерпул направил многу грешки во одбраната и тоа скапо го плати против Реал Мадрид (2-5).

Иако Ливерпул тргна со два гола и водство од 2-0, сепак „кралевите“ го свртеа мечот во своја корист во продолжение од средбата и триумфираа со убедлив резултат, па со една нога се во четвртфинале на Лигата на шампиони.

„Нашата мисија во Мадрид е речиси невозможна. Разочаран сум поради поразот на домашен терен, но сега мора да се соочиме со тоа што доаѓа. Играме против Реал Мадрид, тим кој има квалитетни фудбалери и знаат да ја казнат секоја грешка. Но, се случуваат грешки, ние не сме роботи“, кажа Ван Дајк.