Ван Дајк се изнервира поради новинар: Срам да ви е!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луј Ван Гал наскоро ќе стане селектор на Холандија, каде што ќе го наследи Франк Де Боер, кој испадна во осминафиналето на Европското првенство од Чешка.

Откако Ван Гал потврди дека ќе го преземе тимот, „Мирор“ објави статија во која пишуваше за бунтот на репрезентативците на Холандија.

Новинарот Симон Мулок напиша дека бунтот го предводи капитенот на селекцијата, Вирџил Ван Дајк, кој уште се рехабилитира од повредата која ја заработи минатата година.

Ван Дајк не остана мирен поради оваа статија на „Мирор“, па преку Твитер реагираше луто.

„Оваа приказна е лажна. Срам да ви е, господине Мулок!“, напиша дефанзивецот на Ливерпул.