Ван Дијк го навлече гневот на јавноста: Ругани? Не сум загрижен, тој е во Торино, а јас..


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светот на фудбалот остана шокиран по јавната објава дека Даниеле Ругани, играчот на Јувентус има коронавирус.

Тоа што Ругани го има овој опасен вирус може да значи дека тој има заразено уште играчи на Јувентус. Сега дури 120 члена на клубот од Торино се под карантин и очекуваат резултати од секојдневните испитувања.

Вирџил Ван Дијк беше запрашан да ја коментира ситуацијата со коронавирусот и тоа што истиот е потврден кај негов колега, играч на Јувентус.

„Ругани? Не сум загрижен, тој е во Торино, а јас сум овде…Ако има уште заразени тогаш ќе се спротивставиме на проблемот. Немам што да кажам на тоа. Тоа не е нешто што е под моја контрола. Компетентните надлежни лица треба да донесат одлука за се“ –изјави Ван Дијк.