Ван Гал: Доста со приказните за развој на фудбалот, Мундијалот во Катар е само за пари!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на Холандија, Луј Ван Гал кажа дека не се сложува со тоа што Светското првенство (СП) ќе се одржи во Катар.

Организацијата на Мундијалот во Катар е една од најконтроверзните во историјата на ФИФА, а за Ван Гал ова е само за пари.

„Смешно е што ќе играме во Катар. ФИФА ни кажува дека тоа е поради развојот на фудбалот во земјата и како работат на развојот? Така што ќе организираат турнир таму? Тоа се глупости. Станува збор само за пари и комерцијални интереси. Тоа е она што е важно за ФИФА“, кажа Ван Гал.

Гласањето во кое Катар го доби домаќинството на овој Мундијал беше проследено со бројни обвинувања. Катар исто така беше мета на критики од бројни агенции кои се заложуваат за правата на работниците.