Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Аурелио Де Лаурентис се надева дека до пресврт може да дојде…
Затворено е спектакуларно поглавје со трансферот на Гонзало Игуаин, наскоро ќе биде ставена точка и на продажбата на Пол Погба, а фудбалската Италија многу брзо ќе добие уште една заклучена приказна. И тоа она во кое Мауро Икарди ќе стане втор најплатен играч во Серија А, Но, адресата не се менува.
Според информациите до кои стигнаа новинарите од телевизијата Спорт Медиасет, жената на Икарди и агентот Ванда Нара објавија цел сет на разговори со претседателот Ерик Тохир и спортскиот директор на Интер Пјер Ауселио во вторникот и средата и наводно успеале да го избоксуваат она што најмногу сакаа – останување на избраникот на неговото срце во Интер, со значајно зголемување на платата и целосно нов договор!
И тоа, како што стојат работите, изгледа вака – Икарди ќе добие договор до 2020 година и годишни примања од 7 милиони евра, што е за само 500 илјади помалку од тоа што Игуаин ќе го добива во Јувентус.
Меѓутоа, Интер на Икарди вети и три милиони евра од продажбата на авторските права на негово име. Тоа е, отприлика, она што и првиот човек на Наполи Аурелио Де Лаурентис го нудеше на Икарди пред неколку дена.
Но, претседателот на Наполи се надева дека пресврт може да се случи во последен момент, поради тоа што испрати најнова, воедно и последна понуда од 60 милиони евра, плус разни бонуси.
Де Лаурентис веројатно одамна ќе прекинеше да го брка капитенот на Интер, но Мауро е голема желба на тренерот Маурицио Сари.
Меѓутоа, ако во наредните денови се постигнат сите потребни договори, Икарди останува на истата адреса.
А пред само две недели Интер ги стопираше сите преговори со Икарди, бидејќи клупскиот врв сметаше дека платата од 2.3 милиони евра е повеќе од доволна за него.