Ванда Нара го „боцна“ Интер: Ви фалеше Мауро против Јувентус…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сопругата на напаѓачот на ПСЖ, Ванда Нара упати провокативен коментар до поранешниот клуб на Мауро, Интер.

Нероазурите претрпеа пораз на вчреашната дерби пресметка против Јувентус, а Нара во изјава во шоуто „Тики Така“ истакна дека се видело дека Мауро Икарди им фали на оваа средба.

„Го гледавме натпреварот, јасно е дека на Интер му недостига Мауро. Тој постигна осум погодоци на 11 натпревари против Јувентус“ –дрско одговори Ванда Нра.