Ванда жестоко му одговори на Лопез: Ако им се случи нешто на децата, подобро е тоа да биде во Италија!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Макси Лопез неодамна ја критикуваше поранешната сопруга Ванда Нара. Причината е тоа што таа и нејзиниот маж Мауро Икарди од Париз заминаа во Италија и тоа во Ломбардија, која е жариште на коронавирусот.

Лопез ја нападна Ванда поради тоа што ги однела децата во жариште без да размисли за последиците, но веднаш потоа одговори сопругата на Икарди.

„Сите играчи заминаа од Париз. Ние сме Италијанци, па заминавме дома. Ако нешто им се случи на децата, подобро е да сме во Италија, а не во странство… Макси добро знае каде живееме. Во нашето место има малку заразени лица“, кажа таа.