ВАР-лудило: Постигна гол, иако не беше во игра! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сампдорија во градското дерби против Џенова славеше со 3-1, а јунакот во триумфот беше Маноло Габијадини кој постигна два гола, но сцената од 69. минута покажува дека во современиот фудбал апсолутно сѐ е возможно.

Габијадини шутираше кон голот на противниците и топката со помош на фудбалерот на Џенова заврши во мрежата за предност од 3-0.

Меѓутоа, голот го поништи судијата поради офсајд, по што Габијадини излезе од игра и чекаше расплет на ситуација покрај теренот.

Две минути подоцна судијата покажа кон центарот на теренот и така Габијадини почна да го слави неговиот гол на клупата за резервни фудбалери.