ВАР му скрати гол на Елмас, Наполи ја победи Џенова (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Наполи славеше со минимални 2:1 на гостувањето кај тимот на Џенова и со тоа го втурна тимот во кој настапува нашиот Горан Пандев во опасната зона на табелата.

Овој натпревар од првата минута го започна Елиф Елмас, додека Горан Пандев шанса доби подоцна од клупата за резервни фудбалери.

Во 7. минута, Елиф Елмас погоди за радост на Наполи, меѓутоа по долго прегледување на снимките, ВАР одлучи дека Манолас играл со рака претходно во акцијата, па погодокот беше поништен.

Подоцна водство за Наполи донесе Дрис Мертенс со гол постигнат во самиот финиш на првото полувреме.

Веднаш на стартот на вториот дел Голданига го изедначи резултатот, а конечните 2:1 ги постави Хирвинг Лозано со гол во 66. минута.

Горан Пандев во игра влезе во 71. минута и немаше некој посебен придонес на теренот.