ВАР неправедно му поништи гол на Реал Мадрид, па се извини! (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид постигна дури шест гола против Елче, но сепак славеше со 3-0 откако на „кралевите“ им беа поништени три погодоци поради недозволени ситуации.

Регуларните голови за „кралскиот клуб“ ги постигнаа Валверде, Бензема и Асенсио, додека ВАР-технологијата имаше полни раце работа и поништи два погодоци на Бензема и еден на Алаба.

Шпанскиот фудбалски сојуз соопшти дека голот на Алаба требало да биде признаен, затоа што бил обележан погрешен дел, по што порача дека работат на надминување на ваквите проблеми во иднина.

Реал Мадрид е прв на табелата во Ла Лига, додека зад него се наоѓа Барселона, која пред неколку дена го загуби и „Ел Класико“ со 1-3.