ВАР спречи неверојатен пресврт на Ривер плејт во Копа Либертадорес 🎥


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бразилски Палмериас е првиот финалист во Копа ЛИбертадорес. Екипата загуби на домашен терен од Ривер плејт со 0-2, но се пласираше понатаму поради победата од 3-0 во првиот натпревар.

Ривер одигра одличен меч, па во 29. минута погоди за 1-0, по што во 44. минута зголеми на 2-0. Во 52. минута постигнаа погодок и за 3-0, но ВАР-технологијата го поништи поради офсајд.

Палмериас изгледаше немоќно, а гостите добија пенал, кој беше поништен по прегледување на ВАР-снимката.

До крајот Ривер се обидуваше да стигне до победа од 3-0 и неверојатен пресврт, но едноставно не успеаа во својата намера.

Палмериас во финале ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Сантос и Бока јуниорс. Првиот меч меѓу тимовите заврши без голови.