Варан потврди: По три години заминувам од Манчестер јунајтед!


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Рафаел Варан по три години заминува од Манчестер јунајтед, откако премиерлигашот реши да не му ја продолжи соработката која трае до крајот на сезоната.

Францускиот дефанзивец пристигна на „Олд Трафорд“ во 2021 година и помогна во освојувањето на Карабао Купот три години подоцна, а вкупно запиша 93 меча за „црвените ѓаволи“.

„До сите навивачи на Манчестер јунајтед, ова беа фантастични години во кои играв за специјален тим. Се вљубов во клубот, во навивачите, ова за мене секогаш ќе биде мој дом и специјално место“, кажа Варан.