Вардар е во вториот барабан за ждрепката во ЛШ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ЕХФ ги објави барабаните пред ждрепката која ќе се одржи на 2 јули за двете групи во Лигата на шампиони (ЛШ), а Вардар се наоѓа во вториот барабан, иако учеството уште не е сигурно бидејќи вчера на македонскиот шампион му беше побарана гаранција од милион евра.

Во најсилниот барабан се Барселона, ПСЖ, Кил и Пик Сегед, по што во вториот следат Вардар, Алборг, Кјелце и Порто.

Во третиот барабан се наоѓаат Мешков Брест, Фленсбург, Веспрем и Монпелје, а во четвртиот има место за Мотор Запорожје, ППД Загреб, Динамо Букурешт и Елверум.