Вардар го реши Силекс, но за шампионско славје ќе почека!


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Вардар стигнаа до важна победа од 2-1 против Силекс и се наоѓаат на само чекор до освојување на титулата во Првата македонска фудбалска лига.

Домаќините го отворија натпреварот на најдобар можен начин – Стефан Цветковиќ уште во третата минута ја погоди мрежата на кратовчани за рано водство од 1-0. Пред крајот на првото полувреме, Вардар ја зголеми предноста преку Горан Закариќ, кој беше прецизен од белата точка за 2-0.

Силекс возврати веднаш на стартот од вториот дел, кога Едис Бутуровиќ го намали резултатот и внесе неизвесност во завршницата од мечот.

И покрај притисокот на гостите во продолжението, Вардар успеа да ја задржи предноста и да ги освои трите бода со конечни 2-1, останувајќи во пол позиција во трката за шампионската титула.

Во преостанатите два натпревари денеска Шкендија со триумфот од 3-1 над Струга ги задржа теоретските шанси за да го симне Вардар од врвот до крајот на сезоната, додека Пелистер ја наполни мрежата на веќе испаднатиот Шкупи со победа од 7-0.