Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сезоната во Лигата на шампиони (ЛШ) почна без преноси на македонска телевизија, но пред четврото коло пристигна одлична вест од Македонската радио телевизија (МРТ).
МРТ ќе ги пренесува натпреварите на Вардар од елитното натпреварување, но ќе може да ги гледаме и возбудувањата на Металург и Еурофарм Пелистер во Европската лига.
Почетокот на овие преноси е 15 октомври од 20.40 часот, кога на МТВ-1 ќе се пренесува мечот меѓу Вардар и Фленсбург во ЛШ, што е навистина одлична вест.
Правата за преноси на натпреварите од ракометната ЛШ ги има „Арена Спорт“, но поради големиот интерес на македонската публика, МРТ реши да се потруди и да ги добие правата за преносите, па ќе може да уживаме во нив и на македонски.