Вардар ја совлада Брегалница за бегство од дното!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар славеше со 2-0 против Брегалница за да избега од дното на Првата лига.

На лош терен во Маџари, Вардар со помош на најверните навивачи „Комити“ беше подобар од Брегалница со головите на Алтипармаковски и Глишиќ.

Вардар со овој триумф ги скокна Македонија ЃП и Брегалница и во моментов е на 10. место на табелата со 21 освоен бод.

На останатите натпревари, Шкендија одигра 2-2 против Гостивар, Тиквеш го надигра Работнички со 2-0, Брера ја растури Македонија ЃП со 3-0, додека Воска и Силекс ремизираа без голови.

Фото: Вардар