Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сезоната во регионалната СЕХА-лига ќе се доигра, откако беше прекината поради војната во Украина, а македонските тимови Вардар и Пелистер ги дознаа ривалите во четвртфиналето.
Вардар ќе се бори против Нексе, додека Пелистер за противник го доби Мешков Брест и против нив ќе бркаат пласман на Ф4-турнирот.
Во останатите два меча од четвртфиналето ќе се соочат Татран Прешов и Веспрем, како и Војводина и ППД Загреб.
Вардар ако слави ќе се соочи против Војводина или Загреб, додека Пелистер го чека подобриот од дуелот меѓу Татран и Веспрем.
Ф4-турнирот во СЕХА е закажан од 2 до 4 септември во Задар, Хрватска.