Вардар најави осум засилувања за новата сезона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги почна подготовките за новата сезона во Првата лига, а тренерот Горазд Михајлов наскоро треба да добие осум засилувања.

Вардар ќе добие нови газди кои ќе треба да го вратат тимот на тронот на Првата лига.

„Сите знаеме што значи Вардар. Знаеме низ каква сезона моравме да поминеме. Им благодариме на Комити. Веруваме во подобри времиња со нови сопственици и спонзори. Верувам дека заедно со нив и Комити ќе го вратиме клубот на тронот. Не би сакал да шпекулирам, тука со нас е Филип Најдовски, а неопходни ни се уште седум-осум засилувања“, кажа Михајлов.