Вардар подобар од Борец, реми на Гостивар и Пелистер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дербито меѓу Гостивар и Пелистер заврши без победник (1-1), додека Вардар славеше со 3-0 против Борец, а победа запиша и Воска со 1-0 на гости кај Беса.

Владимир Жоглев постигна два гола за Вардар, додека победата ја потврди Јусуфи во вториот дел од натпреварот против Борец.

Воска со голот на Албин Рамадани славеше против Беса и така заедно со Вардар се издвои на врвот во Втората лига.

Гостивар поведе преку Симеон Христов, но потоа Благоја Љамчевски со прекрасен погодок израмни на 1-1.