Вардар реди порази во ЛШ, Дибиров пишува историја 🎥


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар загуби со 31-34 на гостувањето кај Пик Сегед во седмото коло од ракометната Лига на шампиони (ЛШ), но натпреварот ќе остане запаметен по јубилејот на рускиот ракометар Тимур Дибиров, кој ја надмине бројката од 1.000 голови во елитното натпреварување.

Дибиров беше најефикасен за Вардар со седум голови, па така ја мина бројката од 1.000 голови во ЛШ и им се приклучи на Кире Лазаров, Момир Илиќ и Никола Карабатиќ како единствени со 1.000 или повеќе погодоци.