Вардар ремизираше против Охрид, Воска Спорт ја зголеми предноста на пет бодови


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најтројфениот македонски клуб Вардар одигра без голови против Охрид и така ѝ дозволи на Воска Спорт со победа против Кадино (2-0) да му избега на табелата.

Вардар одигра добар натпревар, меѓутоа не искористи ниту една шанса, па до крајот на сезоната „црвено-црните“ ги очекува тешка битка за враќање во елитата.

Силекс на домашен терен одигра 1-1 против Гостивар, додека Тетекс славеше против Кораб со 2-0. Големи три бода освои и Беса 1976 против Велешта (3-1).

Силекс е прв на табелата со 42 бодови, по што следи Воска Спорт со 35, а Вардар има пет помалку. По нив следат Тетекс со 24, Кораб со 20 и Гостивар со 18 во топ-6 на табелата.