Вардар се раздели и со голманот Кантегрел


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Чуварот на мрежата Робин Кантегрел по само една сезона го напушта Вардар и се сели во Тулуз, каде што ќе остане две години.

Францускиот голман потпишал соработка до 2023 година со Тулуз, откако не се прилагоди во Вардар и не беше прва опција, поради што реши да замине.

Во поранешниот европски првак останува Борко Ристовски, а ќе си замине Марко Кизиќ, кој потпиша за ривалот од Битола, Еурофарм Пелистер.