Вардар слави 35 години од освојување на шампионската титула во Југославија (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најтрофејниот македонски клуб Вардар слави 35 години од освјоување на историската титула во шампионатот на Југославија, а тогаш предводник на тимот беше Андон Дончевски, при што „црвено-црните“ запишаа 15 победи, осум ремија и 11 порази на 34 натпревари.

Голем дел од екипите почнаа со шест бодови помалку поради скандалот со лажирањето на натпревари во претходната сезона, а потоа одлуката беше повлечена и трофејот го доби Партизан.

Сепак, Вардар доби признание дека е шампион на Југославија од страна на Европската куќа на фудбалот (УЕФА), а потоа доби шанса да игра во Купот на европските шампиони, но таму загуби од Порто.

За Вардар таа сезона настапуваа Тони Савевски, Драган Канатларовски, Илија Најдоски, Дарко Панчев, Васил Рингов, Вујадин Станојковиќ, Љупчо Марковски, Јовче Џипунов, Бобан Бабунски, Чедомир Јаневски, Момчило Грошев, Милко Симовски, Љупчо Лазаров, Венцислав Симоновски, Мирко Петров, Благоја Тодоровски, Никола Аврамовски, Зоран Трајчевски, Горан Стојановиќ, Николче Филипов, Тони Атанасовски и Јовко Бизимовски.

Најдобар стрелец беше Дарко Панчев со постигнати 18 голови додека Тони Савевски беше најстандарден со 33 настапи во црвено-црниот дрес.