Варди објасни зошто го одби Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди, пред неколку недели беше на чекор од Арсенал, но на крајот се одлучи да остане во Лестер.

Варди пред почетокот на ЕП ја договори соработката со лондонската екипа, но во последен момент се предомисли.

Напаѓачот на Лестер пред неколку дена се приклучи на подготовките на својата екипа, а конечно откри зошто не заврши во Арсенал.

„Прво морам да речам дека тоа воопшто не беше некоја голема одлука што многумина мислат. Секогаш зборував дека братството е најдобра работа во Лестер и чувстувам дека не ја завршив својата работа овде“, рече Варди.

Во последно време многу се зборува дека Ријад Марез ќе ја напушти екипата на актуелниот шампион на Англија, и дека кариерата ќе ја продолжи во Арсенал.

Свој коментар даде и напаѓачот на Лестер.

„Сигурен сум дека целата екипа сака Марез да остане во Лестер. Сепак, тоа не е до нас. Тој ќе одлучи за својата кариера“, додаде Варди.