Васкез одлучи да си замине од Палермо, Лондон следна дестинација


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Палермо, Фран Васкез потврди дека после ЕП ќе ја напушти Сицилија.

Васкез имаше успешна сезона во Серија А, а претседателот на клубот, Маурусијо Зампарини призна дека очекува заминување на 27-годишниот фудбалер.

За Васкез заинтересирани се Челси, Тотенхем и ВБА.

„Ќе си заминам од Палермо, мојата иднина сигурно не е во Сицилија. Можам да ја потврдам изјавата на претседателот. Ќе размислам за сите понуди, но мојот агент се грижи за тоа“, изјави Васкез.

„Не знам дали мојот следен клуб ќе биде Тотенхем или Челси, а ја одбив понудата на ВБА“, заклучи Васкез.