Васоски седна на кормилото на Силекс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот македонски фудбалер Александар Васоски денеска ја презема тренерската функција во Силекс, каде што доаѓа на место на Горазд Михајлов.

Екипата од Кратово го потврди ангажманот на Васоски, кој до неодамна седеше на кормилото на Вардар.

Васоски досега во тренерската кариера работеше во Академија Пандев (Брера Струмица) и Сараево.

Силекс во моментов се наоѓа на четвртата позиција во Првата лига со 27 освоени бодови по 18 одиграни натпревари.