Васовски ги собра фудбалерите на десет дена пред стартот на првенството


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Вардар, Александар Васовски покажа големина и остана во клубот кога е најтешко.

Популарниот „тетовче“ ги собра своите пулени и на десет дена пред почетокот на сезоната ја ги започна подготовките кои  ќе бидат можеби најкратки за еден клуб затоа што веќе на 9 август ги чека првенствен натпревар со Борец.

Голем дел од првотимците кои ја освоија шампионската титула ги нема, пред се тука се мисли на голманот Филип Гачевски, потоа Даниел Аврамовски, бекот Леовигалдо Жуниор како и уште неколку млади играчи кои ја зграпчија шансата која лани им ја даде Васовски.

Нови аквизиции на клубот се искусниот Дејан Блажевски, потоа Филип Петковски како и Виктор Велковски, а дополнително се очекува пристигнување и на Бојан Најденов.

Од постарите играчи кои и лани беа дел од клубот на првата п розивка се појавија Филип Иличќ, Јован Поп Златанов, Дарко Мицевски, Филип Најдовски и Бојан Колевски.