Вчера дојде на ЕП во Будимпешта, а денеска ја има најдобрата интервенција! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Холандија ја запиша првата победа во главната фаза од Европското првенство (ЕП) во ракомет, откако славеше против Црна Гора, а одличен на голот на победничката репрезентација беше Тијс Ван Лејвен.

Лејвен за еден ден стана главна ѕвезда на ЕП, откако вчера пристигна во Будимпешта за да ѝ помогне на својата татковина и успеа веднаш да го направи тоа.

Голманот имаше дури 15 интервенции против Црна Гора и ја доби наградата за играч на натпреварот.