Вејн Руни во шокантни преговори за враќање во Англија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот поранешен напаѓач на Манчестер Јунајтед и Евертон, Вејн Руни наскоро би можел да се врати на Островот.

Имено, како што јавуваат неколку англиски медиуми Руни има понуда од Дерби Каунти од каде му понудиле да биде тренер-играч, нешто слично како улогата што ја има Винсент Компани во Андерлехт.

33 годишниот Руни блеска во МЛС лигата и во многу пати докажа дека таа лига не е дорасната за него, па би можел да биде привлечен од интересот од Дерби Каунти.