Веќе ги имаат во екипата Иниеста, Вила и Подолски, а сега преговараат со уште едно големо име


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мала Барселона“ во Јапонија.

Во Јапонија еден клуб пробува да направи мегатим за тамошните услови.

Имено, Висел Кобе веќе во своите редови ги имаат Андрес Иниеста, Давид Вила и Лукас Подолски, Серхио Сампер, кој ја помина фудбалската академија на Барселона – Ла Масија, а тука е и поранешниот напаѓач на Хофенхаим, Велингтон.

Сега овој клуб сака да го доведе и Томас Вермален на кого неодамна му истече договорот со Барселона и моментално е слободен играч.

33-годишниот Белгиец во својата кариера играше за Ајакс, Валвик, Арсенал, Барселона и Рома, а со каталонскиот тим во сезоната 2014/15 ја освои и ЛШ.

Вермален веќе одби понуда од Ал-Араби, а моментално се наоѓа во Јапонија каде преговара со Висел Кобе.

Секако се работи за одличен играч кој наскоро би можел да им се приклучи на големите имиња на овој клуб, само не е јасно, како покрај овие играчи Кобе е на 15. место во јапонското првенство.