Веќе нема дилеми, Џани Алиоски од следната сезона во Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Лидс Јунајтед обезбеди сигурен пласман во Премиер лигата на две кола до крајот на Чемпионшип лигата.

По вчерашната победа на Лидс над Барнсли им беше поребен само бод во следните два натпревари, но сега по киксот на ВБА и официјално стана познато дека  клубот од легендарниот „Еланд Роуд“ по долги години се враќа во Премиер лигата.

Лидс на и со два порази ќе го обезбеди најмалку второто место во Чемпионшип кое води директно во Премиер лигата.

Нашиот Џани Алиоски и сезонава е редовен во тимот на Марсело Биелса па се очекува и во следната сезона да игра значајна улога во Премиер лигата.