Веќе нема дилеми, Милан го претстави Ибрахимовиќ: Ќе се борам заедно…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Милан и официјално го потврдија ангажманот на Златан Ибрахимовиќ кој потпиша договор со клубот во следните шест месеци.

Истиот клуб би можел да биде продолжен на уште една дополнителна сезона доколку двете страни најдат заеднички јазик до крајот на актуелната сезона.

„Се враќам во клубот кој го почитувам многу и во градот кој навистина го сакам. Ќе се борам заедно со моите соиграчи да го промениме смерот оваа сезона. Ќе сторам се за ова да се случи.

Ибрахимовиќ ќе ги има медицинските прегледи во Милан на 2 јануари, а потоа и официјално ќе се приклучи на своите нови соиграчи.