Веќе нема дилеми, Ракитиќ одлучил каде ќе игра во иднина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долго време се шпекулира за иднината на хрватскиот интернационалец,Иван Ракитиќ во редовите на Барселона.

Играчот од средниот ред воопшто не е редовен оваа година под водство на Ернесто Валверде, па затоа постоеја шпекулации дека тој ќе си замине од „Камп Ноу“.

Секојдневно се реда заинтересирани тимови меѓу кои беа Интер, Манчестер Јунајтед, Јувентус и Милан, но се чини дека на крајот сите ќе останат со кратки ракави.

Имено, Ракитиќ одлучил да остане во редовите на Барселона и да се бори за минутажа до крајот на оваа сезона.