„Веќе со години пробуваме да го доведеме и се надевам дека ова лето ќе стане играч на Реал Мадрид“

Сагата околу трансферот на Азар од Челси во Реал Мадрид сеуште трае.

Тој некое време се наоѓа на мета на кралскиот клуб и судејќи според се ова лето неговиот сон да заигра на Сантијаго Бернабеу ќе се оствари.

Англиските медиуми неодамна објавија дека се е договорено и дека само се чека утрешното финале во Лига Европа во кое играат Арсенал и Челси а потоа и официјално ќе биде објавено дека Азар ги напушта Плавите.

Дека Азар е главна мета на Реал докажа и претседателот на клубот Перез кој призна дека се ќе направат за Белгиецот да премине во Кралскиот клуб.

„Многу сум заинтересиран за тој да дојде во Реал Мадрид и се надевам дека тоа ќе се случи оваа година. Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот. Со години пробувате да го доведете и се надевам дека овој пат ќе успееме“, изјави Перез.

Челси од овој трансфер би требало да заработи околу 150 милиони евра.