Велика Британија ќе ги организира и ЕП и СП?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон ѝ понуди на УЕФА неговата земја да го организира Европското првенство (ЕП) ова лето, кое требаше да се одржи во повеќе држави.

ЕП требаше најпрво да се одржи лани, но беше откажано поради ковид-19. Планирано е да се играат двата полуфинални натпревари на „Вембли“, но мерките ширум светот против вирусот се активни.

„Ова е дом на фудбалот, мислам дека тоа би било фантастично за нашата држава“, кажа британскиот премиер.

Владата на Велика Британија ја поддржа заедничката кандидатура на Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска и Република Ирска за Светското првенство во 2030 година.

СП во 2022 година ќе се одржи во Катар, а четири години подоцна домаќини ќе бидат САД, Канада и Мексико.