Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Репрезентациите на Велс, Англија и Словачка осигураа пласман во четвртфиналето на ЕП, додека фудбалерите на Русија после групната фаза патуваат дома.
Селекцијата на Велс во третото коло од групната фаза остварија убедлива победа над селекцијата на Русија со резултат 3:0, додека Англија и Словачка одиграа без голови.
Велс одлича шанса имаше прилика веќе во првата минута кога Бејл шутираше, но неговиот удар го запре Акинфеев.
Десет минути подоцна Велшаните стигнаа до водство. Ален асистираше, а мрежата на селекцијата на Русија ја затресе Ремзи за воодушевување на Велс.
Фудбалерите на Велс своето водство го дуплираа девет минути подоцна кога Нејл Тејлор ја испрати топката во мрежата на Русија.
Веќе тогаш беше јасно дека Велс осигура место во четвртфиналето ЕП.
Русите првата сериозна шанса ја имаа во 27 минута но Хенеси го запре обидот на Ѕјуба.
Тоа беше се од Русија во првиот дел со оглед дека Велшаните вешто ја чуваа стекнатата предност.
Велс првата прилика во вториот дел ја имаше во 55 минута кога Акинфеев повторно го одбрани ударот на Бејл.
Сепак, Велс во 67 минута од натпреварот ја заврши рабортата кога на 3:0 зголеми Герет Бејл.
Ова беше негов трет гол на ЕП. До крајот на натпреварот Велшаните ја сочуваа предноста, и после последниот судиски свиреж почнаа големо славје поради пласманот во осминафиналето.
Од друга страна натпреварот во Сент Етјен беше меч за спијање. Реми одговараше за двете репрезентации се виде дека нема ризик во овој натпревар.
Англичаните беа нешто поопасни во првото полувреме, а најдобрата шанса ја имаше Варди во 18 минута, но неговиот удар го запре голманот на Словачка. Во финишот на полувремето се обиде и Хендерсон но неговиот удар го изблокира еден одбранбените играчи на Словачка.
Во вториот дел Словаците заиграа нешто подобро. Првата шанса ја имаа во 54 минута кога Харт го запре ударот на Вајс. До крајот на натпреварот немаше некоја посериозна шанса и поголем дел се играше меѓу двата казнети простори.
Очигледно дека двете репрезентации беа задоволни со реми бидејќи и тој ги водеше во осминафиналето на ЕП. Прв во групата заврши Велс со шест освоени бода, друга е Англија со пет, а трета е Словачка со четири. Репрезентацијата на Русија ЕП го заврши на последното четврто место.