Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Сан Антонио триумфираше во мајсторката против Оклахома Сити и се пласираше во големото финале против Њујорк Никси!
Сан Антонио Спарс ќе играат во големото НБА финале откако во одлучувачкиот седми натпревар од финалето на Западната конференција го совладаа актуелниот шампион Оклахома Сити Тандер со резултат 111:103.
Така, младата екипа предводена од Виктор Вембанјама направи уште еден голем чекор кон создавање нова династија, додека Оклахома Сити остана без можност да го брани шампионскиот наслов освоен минатата сезона.
Францускиот феномен уште еднаш покажа зошто многумина го сметаат за идно лице на НБА лигата.
Вембанјама го заврши натпреварот со 22 поени и седум скока, а по натпреварот му беше доделено и трофејот „Меџик Џонсон“ за МВП на финалето на Западната конференција.
Спарсите ќе се борат за шампионската титула против Њујорк Никси, што претставува реприза на легендарното НБА финале од 1999 година кога токму Сан Антонио предводени од Тим Данкан го освоија својот прв шампионски прстен.











