Венгер конечно се одлучи – Доаѓа дефанзивецот на Атлетико Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал ќе се обиде да го доведе Хозе Хименез од Атлетико Мадрид.

Топчиите до крајот на преодниот рок сакаат да ја засилат дефанзивната линија. Со нив се поврзуваат неколку имиња, а најчесто се споменува Шкодран Мустафи од Валенсија.

Договор со германецот нема, па според Дејли Мејл, Арсенал ги започна преговорите со 21-годишниот уругваец од Атлетико Мадрид, Хозе Хименез.

Скапо овој фудбалер ќе го чини клубот од Лондон. Клубот од Мадрид за неговите услуги бара 45 милиони евра.

Со Арсенал се поврзуваат уште Симон Кјаер и Омер Топрак.