Венгер купува во Порто?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Венгер не успеа да ги доведе ниту Варди и Марез, па сега бара друго решение за да ги потроши парите.

Марез потпиша нов договор со Лестер и со тоа падна во вода трансферот во Арсенал.

Сега Венгер пазари во Порто и е заинтересиран за сонародникот на Марез, а тоа е Џасин Браими.

Браими е надарен фудбалер, има сјаен дриблинг кој доста често го користи за да помине покрај своите чувари.

Пред 2 години од страна на „Би-Би-Си„ е прогласен за најдобар афрички фудбалер.

Во својата кариера има настапувано за Рен, Клермонт, Гранада и Порто.