Венгер се враќа во Арсенал!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога и да помислите на Арсенал, секогаш сигурно ви текнува на легендарниот Арсен Венгер, кој го предводеше премиерлигашот цели 22 години и освои неколку трофеи.

Венгер ги направи „непобедливите“, кои ќе се паметат засекогаш, а интересно е тоа што Французинот не се појавил во екипата уште од 2018 година.

„Мислам дека по 22 години дојдовме до крајот на патот и луѓето сакаа промена. Морам да кажам дека бев лојален кон тимот и одбивав многу други тимови“, вели Венгер.

Артета реагираше на коментарите на тренерот кој го донесе во Лондон во 2012 година.

„Би сакал да го видам назад кај нас. Мислам дека тој има отворена врата во екипата“, кажа Артета.