Верати се изнервира: Ме боли стомак од приказните за Мбапе и Реал Мадрид


Роналдо нека се пази, Мароко гази - 19 ден ↓↓↓



Францускиот напаѓач Килијан Мбапе е блиску до трансфер во Реал Мадрид, иако ПСЖ се трудеше во претходниот период да го задржи и му нудеше богатство.

Италијанецот Маркро Верати кажа дека сака Мбапе да остане во екипата од Париз, но не му е јасно зошто неговиот соиграч не ја открива неговата одлука.

„Неговата одлука ќе влијае на тимот. Мбапе во овој момент е еден од најдобрите играчи на планетата. Искрено, кога ќе видам вест дека Мбапе заминал во Мадрид почнува да ме боли стомакот…“, кажа Верати.

Наскоро се очекува крај на оваа драма што трае со месеци за иднината на младиот француски фудбалер.