Вест хем ја одби и понудата на Манчестер сити: Јасни се нивните барања за Деклан Рајс!

Арсенал веќе некое време се обидува да го купи Деклан Рајс од Вест хем, но клубот ги одби „топчиите“ неколку пати, по што во трката се вклучи и Манчестер сити.

Англискиот шампион испрати понуда од 80 милиони фунти плус 10 во бонуси, но „чеканите“ ја одбија и оваа понуда.

Ова значи дека „чеканите“ нема да отстапат од своите барања, односно 100 милиони фунти за услугите на Рајс.

И Арсенал и Манчестер сити бараат фудбалер за врска, а токму Рајс е приоритет, па ги чека тешка битка за да го добијат неговиот потпис.