Ветување од Челси: Го имате Коста, но помогнете ни да го доведеме “Пипита”!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Интересен план на клубот од “Стенфорд Бриџ” од кој би требало да профитира и Атлетико Мадрид.

“Јорганџиите” иако се обидуваа, веќе се откажаа од доведување на Гонзало Игуаин. Сепак клубот од Мадрид би можел да профитира од трансферот на Аргентинецот.

Имено, од Челси порачаа дека нема да го продадат Коста за кого е заинтересиран Атлетико се додека не обезбедат двајца напаѓачи. Првиот неодамна пристигна, Батшуај од Марсеј за 40 милиони евра, а вториот би можел да биде токму Игуаин.

Она што Челси го бара од “Јорганџиите” е да продолжат преку Симеоне да го притисикаат братот и менаџерот на фудбалерот Николас, кој неодамна откри дека Игуаин ја одбил понудата од Наполи да ја продолжи соработката.

Познато е дека Атлетико и Челси неколку години наназад добро соработуваат, што доведе до неколку интересни транфери, а на таа добра соработка сега и двата клуба би можеле да профитираат. Не е тајна дека Симеоне е голем фан на Диего Коста, покрај тоа Аргентинскиот стручњак знаеше секогаш да го извлече најдоброто од него.

Во случај Игуаин да пристигне во Лондон, Атлетико би имал отворен пат кон Коста.